Денес се бојадисуваат: Што значат боите на велигденските јајца?

ИЗВОРНов Лист
|

Денес е велики четврток, денот кога домаќинките треба да ги бојадисаат велигденските јајца и да се подготват за најголемиот христијански празник – Велигден. Црвеното јајце е симбол на Велигден, поради новиот живот, плодноста, компарацијата со Христовото воскреснување.

Некои сметаат дека црвената е вистинската велигденска боја, но се смета дека не случајно јајцата за Велигден се подготвуваат во повеќе бои. Освен што се вистински подарок за очи, секоја боја поединечно, е извор на среќа.

Така, жолтата боја значи светлина, носи среќа и радост; портокаловата – трпение, моќ, претставува надеж и е поврзана со нова зора, почетокот на новиот ден и новата сезона; зелена – храброст, големина, со со себе носи трошка надеж и претставува раѓање и обновување; виолетова – надеж, спокојство, за време на Велигден го претставува кралството и се верува дека оваа боја носи богатство, а сина – здравје и ведрина, светло сина – ова е боја што го симболизира рајот или небо, како и водата. Светло сината боја означува и почеток на нова креација, но и мир и хармонија, розова – за време на Велигден, розовата боја симболизира нов, нов почеток. Исто така, ова е боја што е поврзана со разиграност.

Се претпоставува дека и симболите кои се појавуваат при вапсањето јајца имаат значење. Кога ќе здогледате круг, направен од малку потемна нијанса од бојата со која сте го вапсале јајцето, тоа означува огромна среќа оваа година.