Денес се празнува Света Татјана

ИЗВОРНов Лист
|

Светата маченичка Татјана беше девица која својот живот го посвети на Бога. Девица Татјана му служела дење и ноќе со пост и молитва, потиснувајќи го нејзиното тело и потчинувајќи се на духот. Служеше во црквата и беше ракоположена за ѓакон.

Римјанка, од угледни родители. Христијанка и ѓакониса на Црквата. По заминувањето од овој свет на царот Хелиогабал, во Рим царуваше царот Александар, чија мајка Мамеја беше христијанка. Самиот цар беше колеблив и неодлучен во верата; заради ова во дворецот држеше статуа на Христос и статуа на Аполон, на Авраам и на Орфеј. Неговите доглавници ги гонеа христијаните и без царска наредба. Кога ја изведоа девицата Татјана на маче ње, таа Му се молеше на Бога за своите ма чители.

И ете, ним им се отворија очите и видоа околу ма ченичката четири ангели. Кога го видоа тоа, осуммина од нив поверуваа во Христа, заради што и самите беа маче ни и на крајот им беше одземен животот. Светата Татјана продолжија да ја ма чат.

Но, Бог ги испрати Своите ангели во затворот за да ја охрабрат и да ѝ ги исцелат раните, па Татјана изутрината се јави пред ма чителите наполно здрава. Ја фрлија пред лав, но лавот се умилкуваше околу неа и воопшто не ѝ наштети. Ѝ ја извадија косата, мислејќи според нивниот незнабожечки ум, дека во косата ѝ е скриена некоја магија или волшебна сила. Најпосле ја изведоа заедно со татко ѝ и обајцата ги пратија на другиот свет.

Така во 225 година го заврши животот оваа славна девица со тело на жена, а со мажествен дух.