Чесен граѓанин на градот Анкира. Кога царот Јулијан Отстапник дојде во овој град, Гемел излезе пред него и јавно го разобличи за богоотстапништвото. Кога беше во маки на крстот, слушна глас од небото: „Блажен си ти, Гемеле!“
Голем испосник, победник на демоните и прозорливец. Царот Лав Мудриот му напиша писмо, а тој одговори без да го отвори царевото писмо. Се упокои во Господа во длабока старост, во 9 век.