Денес се слави Преподобен Максим Исповедник

ИЗВОРНов Лист
|

Цариграѓанин по род и најпрвин беше висок дворјанин на дворецот на царот Ираклиј, но потоа стана монах и игумен на еден манастир недалеку од престолнината. Најголем бранител на Православието од т.н. монотелитска ерес, која се изроди од ереста Евтихиева.

Имено, како што тврдеше Евтихиј дека Христос има една природа, така монотелитите тврдеа дека Он има една волја. Свети Максим се спротивстави на тоа тврдење и се најде како противник на царот и патријархот. Но, не се исплаши, туку до крај истраја во докажувањето дека Господ Христос имаше две волји, соодветно на двете природи.

На негово настојување се одржа еден собор во Картагена, а друг во Рим. И двата собори го анатемисаа учењето на монотелитите.