Денес се слави Светиот Никифор

ИЗВОРНов Лист
|

Во Антиохија живееја двајца блиски пријатели, учениот свештеник Саприкиј и простиот граѓанин Никифор. Нивното пријателство некако се изметна во страшна меѓусебна омраза. Никифор повеќепати се обидуваше да се помири со свештеникот, но овој никако не го сакаше тоа.

Кога настана бркање на христијаните, свештеникот Саприкиј беше осуден, и изведен. Нажален Никифор појде со Саприкиј молејќи го барем да му прости и да се разделат во мир: „Те молам“, му велеше Никифор, „прости ми ако ти згрешив нешто!“ Саприкиј не сакаше да се обѕрне на својот соперник, туку мирно и гордо чекореше. Но кога ја виде тврдокорноста на неговото срце, Бог не сакаше да му ја прими, и да го овенча со венец, туку тајно му ја одзеде благодатта.

Никифор го молеше Саприкиј да не се одрекува од Христа. „О брате, не прави го тоа, не одрекувај се од нашиот Господ Исус Христос, не губи го небесниот венец!“ Но сѐ беше залудно, Саприкиј остана на своето. Тогаш Никифор им возвикна на џелатите: „И јас сум христијанин! Земете ме  мене наместо Саприкиј!“.