Денес времето ќе биде облачно со пообилни и на места поројни врнежи од дожд (над 20 л/м2) , а на повисоките планини од снег. Од вечерните часови понекаде во планинските региони ќе има услови за појава на замрзнат дожд. Ќе дува и умерен до засилен југоисточен ветер. Во Скопје температурата ќе се движи од 5 до 12 степени.
Од утре ќе преовладува умерено до значително облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег, наутро со услови за магла во котлините.
Минималните температурите ќе се движат од 3 до 7 степени, додека максималните од 7 до 14.