Денес времето студено со локална облачност и слаб до умерен ветер, од утре врнежи од дожд

ИЗВОРНов Лист
|

Денес утрото ќе биде ведро и студено со утринска магла по одделни котлини, а преку денот сончево со мала локална облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утре претежно облачно со врнежи од дожд, особено претпладне. Попладне облачноста делумно ќе се намали и врнежите ќе престануваат. Ќе дува умерен, на места повремено засилен ветер од јужен правец. Во среда променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Во четврток променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. По котлините особено вдолж Повардарието претпладне со значителна ниска облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.