Денес замислете си желба и подгответе го овој ручек: Традиција за Водици

ИЗВОРНов Лист
|

Обичаите за денешниот празник Богојавление или Водици велат дека треба да си замислиме желба. Порано се верувало дека желбите за целото семејство ги замислува домаќинката, рано наутро, додека останатите во домот уште спијат. Традицијата која се уште ја негуваме е подготовката на познатиот специјалитет, пача или пифтија.

Пачата се јаде и на Водици, но исто така може да се јаде и утре, на празникот свети Јован Крстител. Овој едноставен рецепт ќе ви помогне побрзо да ја подготвите.

Потребни состојки: три суви и три свежи свински нозе; два пара свински уши; една свинска коленица; една телшка нога; бибер, сол и четири чешниња лук.

Начин на подготовка: За време на варењето, збирајте ја маснотијата и пената која се собира на површината. Дали пачата е добро сварена ќе знаете така што ќе видите дека месото самото се двои од коските, а течноста станува леплива. Во тој момент тргнете го тенџерето од оган и оставете го на страна да се олади. Ако масата и понатаму се собира на површината, тргнете ја.

Оладената смеса процедете ја низ густо сито, а месото и коските оставете ги на страна и исечкајте ги на парчиња со големина по желба. Месото распоредете го во длабоки чинии. Одозгора исечкајте лук и во секоја чинија налејте ја процедената течност.

Така подготвената пача оставете ја надвор или во фрижидер да се олади. За време на сервирањето, додадете црвен пипер.

Добар апетит