Овен (21.03 – 20.04)
Вие не сте подготвени да се откажете од своите планови. Имате посебни визии кои морате да ги реализирате. Денес често се користат преговарачките способности за да дојдете до целта. Засилете ја физичката активност.
Бик (21.04 – 21.05)
Избегнувајте го претераното експонирање во друштво на соработниците. Нема потреба да зборувате за работите кои предизвикуваат негативни реакции, подобро е да ја прифатите компромисната варијанта.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Доколку се занимавате со некоја работа која бара креативност, инвентивност и добри идеи, денешниот ден е многу поволен. Имате успех во работите поврзани за маркетинг. Чувствително грло, можни се болки и воспаленија.
Рак (22.06 – 22.07)
Потрудете се поправилно да ја контролирате импулсивната страна на својата природа. Потребно е да преземете поголема заштитничка улога во одредени ситуации пред своето семејство. Обрнете им внимание на настаните кои почнуваат да го загрижуваат саканото лице.
Лав (23.07 – 22.08)
Не се затворајте во четири ѕида и не се обидувајте да обавувате вонредни нешта во домот колку само да го поправите расположението. Ќе работите нешто кое во моментов не е неопходно, а мислите и понатака ќе ви лутаат и така нема да го решите проблемот. Најдете начин за исфрлање на негативната енергија.
Девица (23.08 – 22.09)
Ќе имате многу енергија, па одлично ќе ви напредуваат работите поврзани со учење нови нешта. Ќе успеете да ја отворите вратата која подолго време ви била затворена. Ве очекува голем успех. Финансиската состојба не ви е стабилна.
Вага (23.09 – 22.10)
Работите ви се одвиваат онака како што посакувате. Во овој момент не треба да очекувате стресови. Ќе имате и доста енергија, но морате да внимавате да не претерате, бидејќи ќе бидете помалку немирни и склони постојано некаде да брзате.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Неповолниот аспект од Јупитер ви носи напнатости во финансиите, но ќе успеете да се извлечете од кризата. На работното место односите со соработниците и претпоставените ви се доста нестабилни особено кога се во прашање некои деловни договори и решавање на проблеми.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Сеуште се можни непријатни изненадувања кои исто така ќе ви пречат во плановите. Се што е поврзано со тајни лошо ви е аспектирано па настојувајте во секоја ситуација да бидете отворени и јасни. Ќе морате да бидете потактични и во сентименталните односи.
Јарец (22.12 – 20.01)
Додека вие делувате безгрижно за случувањата кои ве следат во деловниот живот, вашиот емотивен партнер се обидува да одгатне некои дилеми од минатото и индиректно започнува да го осудува вашиот начин на однесување. Почекајте го поволниот момент за разрешување на ситуацијата.
Водолија (21.01 – 19.02)
Делувате духовито и искрено, така што оставате симпатии на различните страни. Важно ви е да оставите добар впечаток на околината. Со брилијантна интелигенција покажете дека посдувате и некои особини кои ја откриваат емотивната страна или новите аспекти на вашата иличност. Проблемите со забите нема да пројдат сами.
Риби (20.02 – 20.03)
Исклучително успешен и креативен ден. Што и да правите, ќе го правите со леснотија. Водете сметка да не претерате со мечтите, бидејќи така можете да го загубите и онака несигурното место под нозете. Добро подгответе се за претстојниот состанок.