Овен (21.03 – 20.04)
Нема да успеете да ги остварите своите планови, па немојте да очекувате премногу кога станува збор за деловното поле. Во љубовта ќе делувате незаинтересирано за комуникација со саканото лице.
Бик (21.04 – 21.05)
Загрижени сте поради развојот на ситуацијата на деловен план, но не би требало да бидете. Наскоро следат подобри случувања. Во љубовта нешто не ви дава мир да уживате.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Можно е да немате баш добар однос со луѓето од своето деловно опкружување. Засега тоа не ви смета. Во љубовта најверојатно ќе се почувствувате малку осамено.
Рак (22.06 – 22.07)
Потрудете се да се држите подалеку од било какви конфликти на деловното поле. Во љубовта можно е повеќе да немате еднаков интерес за личноста со која сте во моментов.
Лав (23.07 – 22.08)
Денот не е поволен за судски процеси, формални решенија или било какви процеси поврзани со документи. Во љубовта ви се допаѓа личност која во моментов е дистанцирана од вас.
Девица (23.08 – 22.09)
Можни се мали загуби на деловното поле. Утре е нов ден, поразите може да станат победи. Во љубовта сте се повлекле во себе и не ви е лесно повторно да се отворите кон спротивниот пол.
Вага (23.09 – 22.10)
Размислувате некоја деловна соработка да ја завршите. Размислете подобро за ваквите одлуки. Во љубовта сметате дека партнерот е тврдоглав за некои работи, но сепак не можете да му одолеете.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Немате доволно трпение, па тоа може скапо да ве чини. Најдобро е да не донесувате избрзани одлуки. Потребно ви е поголемо разбирање кога станува збор за љубовта, побарајте го тоа од партнерот.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Се случуваат некои промени во работното опкружување. Засега лесно се прилагодувате и ништо не ви претставува проблем. Во љубовта ги преиспитувате вашите чувства, а партнерот тесно го следи секој ваш чекор.
Јарец (22.12 – 20.01)
Денот не е поволен доколку се занимавате со недвижности, продажба или изнајмување. Доколку сте во брак пред вас се кавги со саканото лице. Ќе ви требаат неколку дена да се смирите.
Водолија (21.01 – 19.02)
Избегнувајте претерано оптеретување на работа. Денешниот ден ви е поволен за одмор и релаксација. Вашите непромислено изговорени зборови можат да го повредат партнерот.
Риби (20.02 – 20.03)
Финансиите не ви се стабилни но тоа може да се промени веќе во наредните денови ако и се посветите на работата. Во љубовта нешто ќе ве мачи.