|
Прекин во водоснабдувањето денеска ќе имаат дел од корисниците лоцирани на улиците „Сердарот“ и „Иван Хаџиниколов“.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на улицата „Сердарот“ бр.84Д.
Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.
ОЕВН Македонија известуваат дека денска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08.00 до 13.30 часот, корисниците од ул. Христо Татарчев 23(општина Кисела Вода),
– Во периодот од 08.30 до 14.30 часот, корисниците од Средно Водно, врв Водно (општина Центар), Горно Нерези (општина Карпош) и с.Крушопек (општина Сарај),
– Во периодот од 09.00 до 14.0 часот, корисниците од ул.13 во Сопиште (општина Сопиште).