Православните верници денеска ја одбележуваат чистата среда, тоа е третиот ден откако започнал велигденскиот пост.
Денеска пожелно е да се пости додека некој може, а чистата среда секогаш се паѓа на исти ден, а датумот се менува.
На овој празник се смета дека верниците не треба да слушаат забавна музика, а треба да избегнуваат и секс и бакнежи.
Брачните партнери на овој ден се смета дека треба да избегнуваат кавги и караници.
На овој ден мајките мораат повеќе да внимаваат на своите деца. На овој ден се оди во куќата која добила принова, а мајките треба добро да ги пазат своите да не се извалкаат и да не се туткаат. Детето кое на овој ден проодело или му никнало запче се смета дека ќе биде среќно и долговечно.
На некои места мајките на своите деца на челата им цртаат крст со пепел за среќа.