Денеска е голем празник: Жените што сакаат да забременат денес не треба да ги прават овие работи

ИЗВОРСкопје24
|

Според Јулијанскиот календар денеска е 9 декември, а православните верници го одбележуваат Зачнувањето на св. Ана.

Денес Црквата ги слави светите Јоаким и Ана, родителите на Марија, која се удостои, како избрана од целиот човечки род, да го роди самиот Бог. Уште попрецизно, Црквата се сеќава со радост на зачнувањето на онаа што подоцна ќе ја слават сите родови како Богородица. Во таа смисла, светите Јоаким и Ана. Црквата ги нарекува богоотци.

Јоаким и Ана немале деца цели 50 години. На старост им се јавил архангелот Гаврил на двајцата поединечно и им рекол дека нивните молитви се услишани од Бога и дека ќе им се роди ќерка Марија. Тогаш Ана зачнала и по девет месеци навистина родила ќерка благословена од Бога, пресветата Марија Богородица.

Во текот на овој ден жените не работат, а некаде бдејат цела ноќ во пресрет на празникот додека не ги слушнат првите петли. Кога ќе ги слушнат, велат: Слушам слушам, петли, своето го чувам, селското го собирам.

Во некои села мајките со женски деца одат околу куќата и фрлаат пепел или просо за да ја заштитат куќата од зло. Болните жени одат во манастири на молитва, а неродилките заминуваат на конак каде остануваат по три дена.

Во минатото мажите, чиишто жени по подолго време забременувале, заминувале на полноќ на виленските или на други места и забодувале крстови направени од тисово дрво.