Денеска е спомен на Светата Аквилина: Нејзините мошти беа извор за исцелување на мнозина болни

ИЗВОРНов Лист
|

Родена е во палестинскиот град Вивлос, од благочестиви родители. Уште во седмата година беше наполно упатена во вистинскиот христијански живот, а во десеттата толку преисполнета со разум Божествен и со благодатта на Светиот Дух, што им Го проповедаше Христа со голема ревност и голема сила на своите пријателки. Кога настана гонењето на Диоклецијан, некој ја поткажа Аквилина кај царскиот намесник Волусијан, кој беше еден ѕвероподобен човек.

Нејзините мошти беа извор за исцелување на мнозина болни. Имаше дванаесет години кога пострада за Христа. Пострада и се украси со маченички венец во 293 година.

Свети Трифилиј, епископот на Левкозија Кипарска

Ученик на свети Спиридон, а подоцна му беше и сослужител на островот Кипар. Човек милостив, чист со мислите, цел живот девствен, „жив извор на солзи“ и голем испосник. Добро управуваше со стадото Христово. Кога се упокои, прими венец меѓу големите јерарси на небесата. Се упокои мирно, во 370 година.