Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 февруари.
Денеска е Св. Лав Катански.
Свети Лав живеел во деветтиот и десеттиот век. Родум бил италијанец од Равена. Родителите му биле видни и побожни луѓе и во младоста му овозможиле да стекне добро образование. Свети Лав многу се подвизувал во милостињата. Како епископ на сицилискиот град Катана се грижел за сите бедни, бездомници, сираци. Заради неговите големи добродетели Бог му дал дар да чудотвори. Се упокоил во длабока старост и бил погребан во црквата на свети Лукија.
Овој голем светец правел неверојатни работи, а како примери црквката наведува дека на слепите им го враќал видот, болните ги исцелувал, ги истерувал ѓаволите од луѓето, идолскиот храм со молитва го срушил и идолите со збор ги разбивал.
Од тие причина денешниот ден треба да се пости само на вода, ако сакате куќата да има напредок и домашните да ви бидат заштитени од болести.
Кај нашиот народ денешниот светец се почитува бидејќи донесува здравје и среќа во секој дом на верник, а како што со огин ги прочистил неверниците, со пламен ги однесува сите невољи, болеcти. Поради тоа верувањето вели дека на денешен ден треба особено да се чувате од огинот.