Денеска е Свети Апостол Филип, еден од дванаесетте апостоли на Исус Христос

|

Свети Апостол Филип е еден од дванаесетте апостоли на Исус Христос.

Роден е во Витсаида, Галилеја, исто како и Апостол Петар и Апостол Андреј. Според Библијата, тој бил повикан од страна на Исус Христос да го следи и да му стане апостол. Тогаш тој се запознал и со Натанаил, кој според мислењата, се смета дека е другото име на апостол Вартоломеј.

Свети апостол Филип потекнуваше од Кесарија Палестинска. Беше женет и имаше четири ќерки. Кога светите апостоли ги бираа ѓаконите во ерусалимската Црква, што требаше да се грижат за бедните и болните и да ги организираат вечерите на љубовта т.е. агапите, меѓу нив беше избран и Филип. А кога настана гонењето на христијаните во Ерусалим, тој се повлече во Самарија и таму го проповедаше Евангелието, и не само што го проповедаше, туку и го сведошеше со многу чуда, изгонување на демони и исцелување на болни.

Евангелието го проповедал во Галилеја, Грција, Аварија, Етиопија. Според верувањата, во Грција евреите сакале да го пог*бат, но тој успеал да се спаси со помош на Господ, каде подоцна еврејскиот архиереј ослепел. Вршејќи чуда, воскреснал мр*овец од Јерапол . Негови придужници се сестра му Маријамна и Апостол Вартоломеј. Во фригискиот град Јерапол се сретнал со друг мисионер- Апостол Јован. Овде имало некоја опас на змија, која надбожниците грижливо ја хранеле и ѝ се поклонувале како на Бог. Со Божјата молитва, тој, заедно со Свети Вартоломеј таа змија ја ус*ртиле. Со тоа врз себе го навлекле гневот на помрачените луѓе. Свети Филип бил затворен и распнат на дрво со главата надолу, заедно со Свети Вартоломеј. Тогаш, според верувањата, се отворила земјата и роголтала судијата и мнозина истомисленици како него. Луѓето, исплашени трчале да ги симнат распнетите светци, но успеале да го задржат само Свети Вартоломеј а Свети Филип веќе бил издивнат.

Моштите на Свети Филип подоцна биле префрлени во Рим.