Денеска е Св. великомаченик Прокопиј и Преподобен Теофил.
Свети Прокопиј се роди во Ерусалим, роденото име му беше Неаниј. Татко му го напушти набргу по неговото раѓање, а мајка му го воспита како паганин. Кога порасна стапи во војничка служба кај императорот Диоклецијан. А кога овој почна да ги гони христијаните го испрати Неаниј по таа работа во Александрија. На патот, после еден чудесен настан, тој поверува во Христа. Набргу по неговото пристигнување на Истокот беше затворен поради неговата вера во Христа. Во затворот се крсти и го доби името Прокопиј. Чесно пострада за Христа од раката на римскиот xелатво Кесарија Палестинска во 303 година.
Во врска со денешниот празник, постојат многу верувања и обичаи. Во одредени делови денешениот денешниот ден посебно се празнува поради здравје на децата, додека во некои делови се избегнува работа на поле, карање, пцуење.
Постои верување дека овој ден е погоден за свадби, бидејќи Св. Прокопие ги благословува младенците.