Денеска не излегувајте без чадор – следува невреме

|

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Ѓуриште и Струмица, 43 литри на метар квадратен, а најмалку во Претор, Тополчани, Демир Капија и Гевгелија, еден литар на единица површина.

Според УХМР, до осум часот утрово се измерени и 34 литри воден талог во Тетово, 22 литра во Прилеп и Пожаране, 17 во Скопје Петровец, 14 на Попова Шапка, 13 во Крива Паланка и Лазарополе, 10 во Скопје Зајчев Рид и Дебар, 8 во Берово и Маврово, 5 во Штип, 4 во Битола и Виница, како и 2 литра во Охрид, Крушево и Дојран.

Утрово во голем дел од земјава е сончево, а долж Повардарието има значителна ниска облачност или магла. Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе се движи од 24 до 31 степен, УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје утрово е значително облачно, а во текот на претпладнето, како што информира УХМР, облачноста ќе се намали. Попладне во повисоките периферни делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне 28 степени.