Нова цена на горивата ќе биде утврдена денес, на состанокот на Регулаторната Комисија за Енергетика.
Редовниот состанок се оддржува секој понеделник, а податоците за новите цени се објавуваат напладне.
На светските берзи, цената на нафтата е значително намалена во однос на минатиот период и суровата нафта од типот брент изнесува 102.8 долари за барел, додека трае подготовката на текстов. Цената на вти круд е 98 американски долари.
Во моментот горивата се точат по следните цени:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 81,00 (денари/литар); Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 83,00 (денари/литар); Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 82,00 (денари/литар); Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 78,50 (денари/литар); Мазут М-1 НС – 52,662 (денари/килограм).