Според Календарот на МПЦ денеска се празнува Светата великомаче-ничка Екатерина.
Ќерка на царот Конста. По заминувањето на татко ѝ живееше со својата мајка во Александрија. Мајка ѝ беше потајна христијанка, којашто преку својот духовен отец ја приведе кон Христовата вера и Екатерина. Во едно видение Света Екатерина прими прстен од Самиот Господ Исус, во знак на веридба со Него. Тој прстен до денес стои на нејзината рака.
Екатерина била многу надарена и добро школувана во грчката философија, медицината, реториката и логиката, а притоа беше и необично убава. Кога злочестивиот цар Максенциј им принесувал самиот жр*ви на идолите и им наредувал на другите да го вршат истото, Света Екатерина смело излегла пред царот и ја изобличи неговата идолопоклоничка заблуда. Кога видел царот дека е посилна од него во мудроста и во знаењето, повикал педесетмина најмудри луѓе за да се препираат со неа за верата и да ја посрамат. Но Екатерина ги надмудри нив и ги посрамила. Разјарен царот наредил сите педесетмина мудреци да се изгорат во оган. По молитвите на Света Екатерина овие мудреци сите пред заминувањето од овој свет го исповедале името Христово и се објавиле себеси за христијани.
Кога оваа маче ничка била во затворот, го приведела кон верата војводата Порфириј со двесте вој-ници, а ја обратила кон Христа и самата царица (августа-василиса). Сите пострадале за Христа.
При маче њето на Света Екатерина ѝ се јавил ангел Божји, го запрел и го искрши тркалото на коешто била маче на; а потоа ѝ се јавил Самиот Господ Христос и ја утешил. После многу маче ња и го земале животот со меч во нејзината осумнаесетта година, на 24 ноември 310 година. Од нејзиното тело истече млеко наместо к*в. Чудотворните мошти на Света Екатерина поч*ваат на Синај.
Светиот великомаченик Меркуриј
Кога царот Декиј еднаш во*уваше против варварите, во неговата во*ска имаше еден војвода над ерменскиот полк наречен Мартензес. Тој војвода се викаше Меркуриј. Во бор бата на Меркуриј му се јави ангел Божји, му даде меч во рацете и му рече дека тој ќе ги победи непријателите.
И навистина, Меркуриј покажа чудо од храброст косејќи ги непријателите како трева. По оваа славна победа царот Декиј го произведе за прв војвода во својата во*ска. Но некои завидливи луѓе го обвинија Меркуриј дека е христијанин, а тој ова пред царот не го скри туку го објави.
Беше маче н долго и тешко, но во затворот му се јави ангел Божји и го исцели. Најпосле царот изрече пресуда на војводата Меркуриј да му се одземе животот со меч во Кападокија. Кога го направија тоа телото му стана бело како снег и од него излегуваше мирис на темјан. Од неговите чудотворни мошти се исцелија многумина болни. Овој прекрасен Христов во*ник пострада меѓу 251 и 259 година.
Светата девица Мастридија
Живееше во Александрија и својот осаменички живот го минуваше во молитва и ракоделие. Некој млад човек се разгоре со телесна страст кон неа и постојано ѝ здодеваше. Не сакајќи да Му згреши на Бога, а гледајќи дека не може лесно да се ослободи од разузданиот човек, еднаш Света Мастридија го запраша што најмногу го привлекува кај неа. Тој одговори: „Твоите очи!“ Таа ја зеде иглата со којашто шиеше и си ги из*оди со неа очите. Така го спаси својот мир и душата на младичот. Тој човек тогаш силно се покаја и се замонаши.