Роден 258 година во градот Анкира, од татко незнабожец и мајка христијанка. Неговата благочестива мајка Ефросинија му прорече на својот син маченичка см*т и го остави овој свет кога Климент беше на возраст од дванаесет години. Нејзината другарка Софија го зеде Климент во својата куќа како сопствен син и го помогна неговото воспитание во христијански дух.
Климент беше толку прочуен заради неговиот добродетелен живот, што го избраа за епископ Анкирски во дваесеттата година од животот. Во младоста стекна старечка мудрост и со големо воздржание го скроти и победи своето тело. Се хранеше само со леб и зелје и не јадеше ништо за* лано и к*вно.
Во времето на Диоклецијан беше маче н толку страшно „како никој никогаш од постанокот на светот“. Во маки и затвори помина дваесет и осум години. Го малтретираа и маче а единаесет разни мачи тели.
Кога еднаш го уд* раа по лицето, го плукаа и му ги кршеа забите, му довикна на мачителот Дометијан: „Ми правиш чест Дометијане, а не ме мачи ш, зашто вака беше биена устата на мојот Господ Исус Христос и вака Му беа уди рани образите, а ти и мене недостојниот со тоа ме удостои“.
Кога го доведоа пред царот Диоклецијан во Рим, царот постави на една страна разни ору дија за маче ње, а на другата подароци, одликувања, облеки, пари – сè што би можел еден цар да дарува, па му рече на Климент да одбере. Христовиот маченик погледна на царевите подароци со презир и ги одбра справите за маче ње.
Беше неискажливо маче н: парче по парче месо му отки нуваа од телото, така што коските му се проѕираа под месото. Најпосле војниците го уб ија со меч, во 312 година, во црквата во Анкира, додека како архијереј служеше литургија. Чудата што ги изврши свети Климент немаат број.