Во времето на мисирскиот цар Птоломеј Филаделф овој Симеон беше избран како еден од прочуените Седумдесетмина на коишто им беше доверена работата на преведување на Библијата од еврејски на грчки јазик. Симеон ја работеше својата работа совесно, но кога го преведуваше Пророкот Исаија и дојде до пророштвото: „Еве девица ќе зачне и ќе роди син“. Во тој миг му се јави ангел Божји објаснувајќи му дека пророштвото е вистинито и дека запишаното е точно.
Праведниот Симеон му се израдува на ваквиот глас од небото и Му заблагодари на Бога што го удостојува да доживее да Го види Ветениот. Кога Исус како Младенец беше донесен во ерусалимскиот храм од Дева Марија, за ова Духот Божји му јави на старецот Симеон, кој тогаш беше престарен и бел како лебед.
Симеон брзо отиде во храмот и таму Ја препозна Дева со Младенецот, според светлината што зрачеше од нив како ореол. Овде се најде и пророчицата Ана, ќерка Фануилова, којашто и самата Го позна Месијата и му Го објави на народот. Ана тогаш имаше осумдесет и четири години. Наскоро потоа Свети Симеон се престави. Праведниот старец Симеон се смета за заштитник на малите деца.