Денеска се слави Светиот маченик Платон

ИЗВОРНов Лист
|

Од градот Анкира Галатиска. Роден и воспитан е како христијанин. Уште во младите години покажуваше големо совршенство во сите добродетели. Не ја криеше својата вера во Христа, туку јавно ја проповедаше изобличувајќи ги идолопоклониците заради поклонувањето на твари наместо на живиот Создател.

Заради ова беше изведен на суд пред началникот Агрипин и беше многу малтретиран и мачен од него.

Јас поучувам и се учам на мудроста Христова, а тој е учител на онаа мудрост којашто пред Бога е лудост. Потоа беше фрлен во затвор, каде што помина без храна и вода осумнаесет дена. Кога стражарите се восхитија дека може да живее гладувајќи толку долго, Платон им рече: „Вие се наситувате со месо, а јас со свети молитви, вас ве весели виното, а мене Христос, лозата вистинска“.