Денеска сончево и топло, а еве што не очекува во наредните два дена- особено подгответе се за во недела

ИЗВОРСкопје24
|

Топло време со локален пороен дожд не очекува за време на продолжениот викенд.

Метеоролозите за денеска во попладневните часови најавуваат нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер и температура до 26 степени.

Времето во текот на денот ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб западен, а во источните делови умерен северозападен ветер. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните делови.

И во Скопје, претпладне ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 11 до 23 степени.

Утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето и температура до 28 степени. Во недела попладне повторно ќе има локални врнежи од дожд и ретки грмежи и температура до 29 степени.

Поинтензивни процеси се очекуваат во понеделник и вторник, кога врнежите ќе бидат пообилни, на места поројни проследени со грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

Температурата ќе се искачи до 28-от степен. Најтопло ќе биде во среда со температура до 30 степени.

Месец јуни носи температурен шок во Македонија- детална временска прогноза за следниот месец

Месец јуни е веќе на прагот, а месец мај донесе големо разочарување како никогаш досега.

Пролетното време во месец мај беше во знакот на дождот, додека сончевите денови беа малку на број.

Во месец јуни следува целосен пресврт на времето, како и температурен шок во Македонија.

Особено кон средината на месецот температурата ќе се искачи и до 31 степен, погледнете ја деталната временска прогноза.