Уживајте во сончевото време кое го носи вториот ден од викендов зошто од вторник ќе се случат временски промени.
Денеска во земјава времето ќе биде сончево и потопло. Се очекува да дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Утринските температури на места ќе се спуштат под и околу нулата, а дневните ќе бидат во пораст. Минималната температура ќе се движи од минус пет до три степени, а дневната од 14 до 24 степени.
Од вторник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.
Во продолжение погледнете ја временската за цел нареден месец според Accuweather, а повторно ќе има пресврти со времето, од пролет до враќање на зимата.
Оваа 2019 година ќе биде година на метеоролошкиот феномен Ел Нињо кој условува повисоки температури на воздухот, но и почести временски непогоди, информира метеорологот Славчо Попоски.
Во најголем дел од Европскиот Континент вклучувајќи го и Балканот ова лето топлите бранови од северните предели на Африка се очекува да бидат позачестени и со поголем интензитет што значи очекуваме натпросечно топло време, секако ова ќе услови и загревање на атмосферата па така ќе се создаваат услови и за почести временски непогоди како што се: Поројни дождови, силни грмежи, силен ветер и град како и локални поројни поплави.
Во текот на ова лето очекуваме барем два до три изразени топлотни бранови во кој температурите би се искачуваат дури и над 40 степени што за кај нас е и сосема нормална појава.