Денеска вратени 125 македонски граѓани од Стокхолм, Копенхаген и Ајндховен

|

Министерството за надворешни работи информира дека денеска беше организиран лет за репатријација на вкупно 125 македонски граѓани затекнати во Шведска, Данска и Холандија.

Репатрирањето, како што соопшти МНР, беше реализирано во организација на нашите амбасади во Стокхолм, Копенхаген и Хаг, во соработка со генералниот секретаријат на Владата, МВР и Министерството за здравство.

-Упатуваме благодарност до колегите од амбасадите на Шведска, Данска, Норвешка и Холандија за кооперативноста при репатрирањето на 27 странски државјани на летот од Скопје кон денешните дестинации, како и на надлежните институции на овие држави кои помогнаа во репатријацијата на нашите граѓаните, се наведува во соопштението.

Оттаму посочуваат дека продолжува успешната соработка и со надлежните власти на САД и Австралија во непреченото враќање на нашите граѓани затекнати на другите континенти.

Во текот на утрешниот ден, како што информираат од МНР, предвиден е лет за враќање на македонските граѓани од Италија.