|
Првиот е еден од 12-те врховни апостоли, а вториот од останатите седумдесет. Вартоломеј проповедаше заедно со апостол Филип во Азија, а потоа и во Индија и Ерменија, каде пострада маче нички.
Неговите мошти се зачувани, а подоцна пренесени најпрво во Беневет, па во Рим. Свети Варнава, пак, се роди на островот Кипар. Беше Евреин од Левиевиот свештенички род.
Прво се викаше Јосиф, но апостолите му го дадоа името Варнава, што значи Син на утехата. Заедно со свети Павле и Марко проповедаше во Антиохија и на други места во Азија, потоа на Кипар.
Веројатно е прв проповедник и во Рим и Милано. Животот го заврши маче нички на Кипар. Пострада од Евреите.