Деп ги избричи брадата и мустаќите и ги избезуми фановите на концертот

ИЗВОРНов Лист
|

Актерот моментално е на турнеја и настапува со легендарниот музичар Џеф Бек. Деп по судењето ја прослави победата против поранешната сопруга, а сега реши да поработи на својот изглед.

Актерот Џони Деп (59) ги изненади обожавателите на концерт додека заедно со својот колега Џеф Бек излезе на сцената без брада на Хелсинки блуз фестивалот во Финска.

Типично забрадениот актер, кој неодамна ја доби тужбата за клевета против неговата поранешна сопруга Амбер Херд (36), беше избричен за време на неговото прво појавување во јавноста.

Деп за време на настапот носеше бела кошула со засукани ракави за да ги покаже своите тетоважи додека пееше. Актерот моментално е на турнеја и настапува со легендарниот музичар Џеф Бек.