Откако на суд ја победи својата поранешна сопруга Амбер Херд, која ја обвини за клевета, Џони Деп отвори професионален „ТикТoк“, каде иако немаше најави, за помалку од 24 часа го следеа речиси три милиони следбеници.
Актерот подоцна им се заблагодари на своите фанови и на сите луѓе кои го поддржуваа за време на судењето, но и за многу подолгата борба што Деп ја имаше во јавноста кога Холивуд по обвинувањата на Амбер Херд практично му ги затвори вратите.
„До сите мои најскапоцени, лојални и непоколебливи поддржувачи“, сподели тој во својата прва објава на 7 јуни, на TikTok, а потоа ја сподели истата благодарница на Инстаграм, каде што го следат речиси 25 милиони луѓе.
“Бевме насекаде заедно, видовме сè заедно. Одевме на ист начин заедно. Ја направивме вистинската работа заедно, се затоа што се грижите. И сега сите заедно ќе продолжиме напред”, напиша ѕвездата.
Сепак, однесувањето на Џони Деп на мрежата не ја импресионира Амбер Херд. Имено, нејзината портпаролка ги споделила своите размислувања за желбите на Деп да „продолжи“ по судењето.
„Додека Џони Деп вели дека „се движи напред“, правата на жените се движат наназад“, изјави портпаролката за медиумите на Херд.
Да потсетиме, поротата во Вирџинија на 1 јуни ја прогласи Херд одговорна за клевета на Деп, откако тој поднесе тужба за клевета против неа во износ од 50 милиони долари поради написот што таа го напиша за „Вашингтон пост“ во 2018 година.
Видеото во кое Џони се заблагодарува на фановите можете да го погледнете со клик ТУКА.