Денеска е Св. маченици Пров, Тарах и Андроник

|

Денеска е Св. маченици Пров, Тарах и Андроник.

Пров беше од Сида Памфилиска, Тарах од Сирија, а Андроник од Ефес. Сите тројца беа мачени и погубени од страна на антипатот Нумериј Максим, за време на царот Диоклецијан. Кога Тарах три пати го запрашаа кое е неговото име, тој три пати одговори, христијанин.

После измачувањата тројцата беа фрлени во арена, но наместо да ги растргнат, мечката и лавицата се умилкуваа околу нив.

Тогаш антипатот, како понеразумен од животните, им нареди на војниците да слезат и да ги убијат тројцата светители.

Други тројца христијани, кои присуствуваа на уб*ството на светите маченици, ги зедоа ноќта нивните мошти и ги закопаа