Десерт кој се топи во уста: Чоколадни пралини со лешник и портокал

ИЗВОРНов Лист
|

Овој рецепт е толку едноставен што можете да го подготвите дури и ако сте почетници во кујната

Потребни состојки:
Лешници
4 лажици шеќер во прав
2 лажици темен рум
1/2 лажичка изрендана кора од портокал
Темно чоколадо, стопено

Начин на подготовка:
Испржете ги лешниците, па излупете ги така што ќе ги истриете со чиста кујнска крпа. Мелете ги во блендер сè додека на пуштат масло и не се претворат во леплива паста. Додајте ги останатите состојки во пастата и со раце направете топчиња.

Топчињата потопете ги во стопеното чоколадо, наредете ги на хартија за печење и оставете ги да се исушат. Потоа уште еднаш прелијте ги со чоколадо и повторно почекајте ги да се исушат. Кога чоколадото ќе се стврдне, тие ќе бидат спремни за послужување.