Во семејството на Ражнатовиќ Цеца секогаш има повод за славење, по свадбата на деценијата на Вељко за која сите сеуште зборуваат и по веста за бременоста на Богдана на ред дојде и христијанската слав Св. Никола.
Семејството вчера ја прослави славата во кругот на семејството и пријателите. Меѓу поканетите гости беа: водителот Милан Калиниќ, водителката Душица Јаковљевиќ, продуцентот Дамир Хандановиќ и политичарот Драган Павловиќ- Палма.
Гостите им посакаа мир и здравје и порачаа дека нив им претстои уште повеќе среќа и радост во периодот кој следува.
Но секако, славата на Цеца не можеше никако да помине без трубачи, бидејќи оваа година беше многу успешна за нив.
Новинарите кои беа пред куќата на Цеца успеаа да дојдат до домаќинката и да споделат импресии заедно со неа.
„Секако дека сум пресреќна што добив снаа и што очекуваме и принова, тоа е сосема природно. Најбитно е каква е куќата кога ќе ви дојдат гости не смеат да излезат гладни, тоа се вика домаќинка, некој може цел ден да готви, но ништо да не биде вкусно“- изјави Цеца.
Вечер пред овој христијански ден Анастасија и Цеца имаа „филмска вечер“ каде што го гледаа филмот „Хари Потер“ евоцирајќи спомени од младоста. Цеца изјави дека обожава да гледа филмови со магија и завидува зошто и таа нема таква магија.
На прашањето дали ќе и смета што за неколку месеци ќе ја нарекуваат баба, Цеца одговори: „Јас го немам тоа чувство сеуште, не знам како тоа изгледа, јас знам како е да се биде мајка, додека не го доживеам тоа чувство не можам ништо да кажам. Сепак, јас не патам од тие работи, кој е баба, а кој е девојка.“