|
Утрово околу 4:55 часот избувнал пожар во магацински простор кај старата фабрика „Комуна“.
Се запалил пластичен материјал, но со интервенција на 9 противпожарни возила и 20 пожарникари, пожарот брзо бил ставен под контрола, вели командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита, Звонко Томески.
Во моментов на терен има дежурна пожарникарска екипа која го надгледува теренот.