Детали за пожарот што денес избувна кај Билна аптека во Скопје

|

Изгоре барака во пожар кој избувна претпладнево во близина на стара рампа кај Билна аптека. За среќа нема повр едени лица.

Екипите на скопската противпожарна бригада интервенирале со шест возила и 20 пожарникари. Навремената реакција спречила огнот да се прошири на околните продавници и згради, информира командирот на бригадата, Ѕвонко Томевски.

Според првичните информации, во напуштениот објект биле населени бездомници, но по пребарувањето на местото не биле пронајдени лица.

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, најави дека ќе се испитува во чија сопственост е земјиштето.