|
Жителите на Автокоманда утрово објавија видео на социјалните мрежи на кое се гледа како гори станбена зграда во скопската населба Автокоманда на улица „Трифун Хаџи Јанев”.
Пожарот беше локализиран за крстко време.
Пожарот зафати стан и настаната е материјална ште та, а по тој повод се обрати и градоначалникот на општина Гази Баба, кој излезе на лице место.
-Веднаш по добиената информација излегов на терен. Благодарение на брзата реакција на екипите на противпожарникарната бригада на Скопје, пожарот беше изгаснат. За среќа нема сериозно повредени, настаната е само материјална штета. Општина Гази Баба ќе помогне во санирање на штетите настанати од пожарот, градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.