Пејачката Светлана Ражнатовиќ Цеца со децении поседува луксузна вила на Кипар која ја има купено нејзиниот покоен сопруг Аркан, па во спомен на него таа често оди на одмор покрај море.
Цеца и овие денови е на одмор во Кипар каде друштво и прават нејзината сестра Лидија и нејзините деца кои пред неколку денови прославија роденден.
По доаѓањето во вилата Цеца веднаш сподели видео со фановите на кое се гледа луксузот во кои ужива таа, но и откри еден детаљ кој можеби ќе ја загрози безбедноста на нејзиниот дом.
Станува збор за случаен кадар од нејзиното видео од кое јасно се гледа каде е поставена надзорната камера во вилата на пејачката.
Според коментарите на социјалните мрежи ова би можело да им ја олесни работата на пример на крадците доколку сакаат да сторат нешто такво.
Инаку, по успешниот бизнис со парфемот “Илузија од Цеца”, најголемата регионална фолк ѕвезда Светлана Цеца Ражњатовиќ реши да направи чекор понатаму во оваа индустрија.
Имено, пејачката по наговор од своите обожаватели одлучи да отвори своја мејкап линија, па со својот тим веќе го развива бизнис планот пишува српски “Ало!”.
За почеток, оваа линија ќе се базира на кармини, додека во следната фаза ќе биде развиена линијата за пудри, руменила, маскари…
Цеца во врска со нејзиниот изглед и шминка со години добива прашања од своите фанови, најчесто преку социјални мрежи. Најчесто тие се заинтересирани за тоа, која нијанса на кармин користи, а прашањата најчесто се засноваат на тоа каде можат да набават таков кармин – изјавил извор близок до пејачката. Како што ни кажа, тоа ја навело да размислува за производство на нејзина сопствена марка кармин, единствена по боја и текстура.
Дали новиот бизнис на Цеца ќе го фрли во сенка и стави во втор план пеењето? – загрижено прашуваат нејзините обожаватели, на што пејачката праќајќи им бакнеж вели дека првата љубов – песната, никогаш нема да ја остави!