ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: ЌЕ ВРНЕ И ВО ЈУНИ – ПОСТОИ ОПАСНОСТ ОД ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ

|

Во Македонија и понатаму продолжува ДОЛГИОТ период на променливо облачно време, повремено со сончеви периоди, но и со повремени врнежи од дожд. Утре попладне локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи како и со засилување на ветерот.

Од недела, па во текот на следната седмица врнежите повремено ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, локално проследени со грмежи и со засилен ветер. Локално ќе наврне ЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог.

Температурите наутро на повеќе места ќе се спуштаат под 10 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени, а во централните и во југоисточните предели повремено и до околу 25 степени. Поизразен топол Африкански бран и понатаму нема на видик и за истиот ќе се изначекаме.

Во Скопје исто така продолжува променливото време со повремени врнежи од дожд. Во следниот период во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи, како и со засилен ветер. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 18 до 21 степен.

Ако вака останат работите, не само мај, и месецот јуни ќе го поминеме со многу нестабилно време со почести врнежи (МОЖНИ СЕ И ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ НА БАЛКАНОТ, КАКО И КАЈ НАС ВО МАКЕДОНИЈА).

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!