ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: ПОЛАРНИОТ БРАН ПРОДОЛЖУВА ДЕНЕС И УТРЕ – ОД СРЕДА СТУДОТ ПОПУШТА

ИЗВОРНов Лист
|

До крајот на денов времето во Македонија ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот од -6 до 3 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 0 степени.

Релативно студено ќе биде и утре додека од среда па натака под влијание на нешто потопла воздушна маса од југ се очекува пораст на температурите а ветерот ќе го промени својот правец во јужен и југозападен. Облачноста постепено ќе се зголемува и во западните предели ќе има послаби локални врнежи од дожд, на планините од снег. Врнежите ќе се прошират на повеќе места за време на викендот и ќе бидат нешто поинтензивни. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.