ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: СЛЕДУВА ДОСТА ПРОМЕНЛИВО И ВЕТРОВИТО ВРЕМЕ

ИЗВОРНов Лист
|

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека попладне и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд, особено во северните и во западните предели. Ќе дува умерен, особено во западните предели засилен ветер претежно од западен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 27 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од југозападен и од западен правец. Во текот на ноќта, како и утре претпладне ќе има услови за повремен дожд со послаб интензитет. Температурата ќе се искачи до околу 26 степени.

Потоа во следните денови времето ќе биде сончево со умерена локална облачност. Повремено ќе има и нешто повеќе облачност кога ќе има услови за локален дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од западен и од северозападен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 26 степени, додека во најтоплите предели истите ќе се искачат до околу 30 степени. Од четврток под влијание на постуден воздух, температурите ќе бележат тенденција на пад и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 19 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.