ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: ПРОДОЛЖУВААТ ЧЕСТИТЕ И ИНТЕНЗИВНИ ВРНЕЖИ, ПОВРЕМЕНО СО ЗАСИЛЕН ВЕТЕР

ИЗВОРНов Лист
|

И понатаму продолжува периодот на претежно облачно време со врнежи од дожд кој повремено ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. Сепак најинтензивни врнежи ќе има во западните предели од државава каде до вторник локално ќе наврне ГОЛЕМО количество на воден талог (над 80 л/м2). На планините пак особено на северозапад и во Шар Планинскиот предел врнежите ќе бидат претежно од снег каде снежната покривка и понатаму ќе се зголемува.

Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од јужен и од југозападен правец, додека денес во вечерните часови и во текот на ноќта кон утрешниот ден и тоа Долж Повардарието ќе започне да дува северен ветер кој повремено ќе засилува со што услови за провејување на снег ќе има и на помала надморска височина и тоа на северот од државава.

Поинтензивните врнежи според моменталните анализи може да се очекуваат до вторник.

Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени, додека нешто постудено ќе биде утре кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.