ДЕТАЛНА МЕТЕО АНАЛИЗА: ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ НОВ ПРОДОР НА ТОПЛОТЕН БРАН ОД СЕВЕРНИТЕ ПРЕДЕЛИ НА АФРИКА

ИЗВОРНов Лист
|

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Особено во северозападните предели ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има услови и за ретка појава на локален краткотраен дожд. Ќе дува и слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 30 степени.

Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец и истиот Долж Повардарието ќе засилува. Температурите ќе бележат тенденција на пораст и тоа под влијание на топла воздушна маса од југ. Истите во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.