Започна и шестиот месец од оваа 2022 година, а месец Јуни е и најбогатиот месец во поглед на врнежите кај нас. Климатолошкото лето уште го означува почетокот на Ураганите на Атлантикот, но и почетокот на Монсунските дождови во Индија.
Инаку оваа година месецот Јуни ќе биде натпросечно топол и со потросечно количество на воден талог. Се очекуваат почести продори на топол воздух од Африка. Сепак и покрај потпросечното количество на воден талог, повремено се очекува и појава на изразена дестабилизација на Атмосферата, поројни дождови и повремени освежувања на времето, но генерално како што веќе кажавме овој месец ќе помине во знакот на МНОГУ ТОПЛО време.
Температурите повремено во најтоплите предели се очекува да се искачуваат дури и до околу 40 степени, а многу топло ќе биде и во останатите предели од државава. Уживајте во летното време, иако календарски истото сеуште и не е започнато.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki