Променливо облачо време предвидуваат синоптичарите претпладне за денеска, со локални врнежи од дожд, попладне се очекува облачноста да се намали.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено изразен вдолж Повардарието каде повремено ќе засилува. УВ индексот ќе биде 7.
Утринските температури во земјава ќе се движат од 13 до 19 степени, додека дневните температури се очекува да се движат во интервал од 24 до 36 степени целзиусови.
Во Скопје се очекува слично време, претпладне облачно со повремен дожд, а претпладне се очекува да се намали облачноста. Дневните температури на воздухот во главниот град ќе достигнат максимални 31 степени.
Од среда следува период на многу топло време.
Во среда и четврток попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд со грмежи.