Времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, во источните делови засилен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, особено во западните делови.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има краткотраен пороен дожд. Температурата ќе се движи од 13 до 26 степени.
Променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од јужен правец ќе преовладува и утре. Околу пладне и попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Преодно стабилизирање ќе има во среда, а од четврток попладне под влијание на влажен бран нестабилно со пороен дожд и грмежи ќе биде на повеќе места.
Метеролозите предупредија: Пеколно лето, но и опасни бури!
Во поголемиот дел од Европа ова лето се очекуваат големи топлотни бранови, додека Југоисточна Европа и Балканот се очекуваат силни бури.
Ова го објави метеоролошкиот сервис Акју ведер, во својата голема прогноза за летото што доаѓа за Стариот Континент.
– Долгорочните периоди на суша на земјоделците ќе им предизвикаат проблеми, а сушно време се очекува низ континентот – пишува Акју ведер во својата прогноза.
Додека поголемиот дел на Европа ќе биде под удар на сушно време и опасни топлотни бранови, на поголемиот дел од Балкан му се закануваат чести бури со силни грмежи.
Ова особено важи за подрачјето на Далмација, но и во јужните делови на континентална Хрватска, пренесува Индекс.хр.
– Иако делови од Балканот нема да бидат имуни на топлинските бранови, екстремните жештини ќе бидат ограничени – пишува Акју ведер.
Опасни бури му се закануваат на подрачјето од Грција до Србија, Романија и Бугарија, но и на делови на Јадранот.
– Овие бури ќе донесат голем број молњи, поплави предизвикани од поројни дождови, како и оркански ветрови и град – предупредуваат метеоролозите и додаваат дека најсилните бури би можеле да доведат и до создавање торнада.
Вакви силни бурни најмногу се очекуваат во попладневните и вечерните часови.
– Најголема опасност ќе донесат орканските ветрови, градот и поројните поплави – се заклучува во прогнозата за Балкан.
Летото во Европа ќе го одбележат и долготрајни топлотни бранови кои ќе го зафатат подрачјето од Португалија и Шпанија па сè до Полска и Унгарија. Жештините ќе почнат уште во јуни во Шпанија и Португалија, а подоцна ќе се шират кон северниот и источниот дел на континентот.