Дете планирало да фрли бомба близу градика во Суботица – ФБИ го открил

|

Во Суботица е уапсен малолетникот Д.У., ученик во гимназијата „Светозар Марковиќ“, поради тоа што истражувал како се прави бомба и сакал да ја подметне во близина на градинка.

Ученикот во разговор со училишниот психолог кажал дека не размислувал да направи масакр како оној во училиштето, туку размислувал нешто слично да направи во близина на градинка, пишува српски „Блиц“.

Намерите на ученикот биле откриени од американското ФБИ, кое открило и пријавило до надлежните органи во Србија дека малолетникот на интернет креирал списоци со имиња на масовни убијци, а истражувал и како се прави бомба.

Според информациите на „Блиц“, малолетникот по наредба на обвинителството е приведен и изведен пред Вишиот суд за малолетници и против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело – прикажување, набавување и поседување детска порнографија и искористување на малолетно лице за порнографија.

Изречена му е мерка забрана за напуштање на местото на живеење со алка.