Дете преживеало ужас во Битола: Татко му го нападнал и повредил, а кога го пријавил во полиција настанал поголем проблем

|

На 01.09.2023 во СВР Битола, малолетник од Битола, во присуство на претставници од Центарот за социјални работи, пријавил дека во домот, неговите родители агресивно се однесувале кон него поради тоа што претходно го пријавил својот татко во полициска станица за физички напад и нанесена повреда.

Малолетникот бил предаден на Центарот за социјални работи.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.