Детето по кое се трагаше два дена е пронајдено

|

Младиот Јосиф Попов кој два дена беше исчезнат е пронајден. Неговите најблиски покренаа акција по социјалните мрежи со цел да се олесни потрагата по него.

Оваа вест тукушто ја објави неговата сестра на социјалната мрежа Твитер.

„Јосиф е најден. Thanks на сите што споделивте!!“, пишува во објавата.

Таа се заблагодарува на сите добри луѓе кои помогнале да биде пронајден.