Детската фондација „Песталоци“ донираше 27 илјади маски за деца од семејства со ниски приходи

ИЗВОРНов Лист
|

Денеска донирани беа 27.000 памучни детски маски за повеќекратна употреба од страна на Детската фондација „Песталоци“. Маските се наменети за деца од семејства со ниски приходи, односно деца корисници на посебен образовен додаток.

Донираните маски, како што соопштија од фондацијата, ќе бидат поделени во основните училишта во соработка со Министерството за образование и наука и Црвениот крст. Посочуваат дека преку оваа акција придонесуваат кон напорите на државата за заштитата на здравјето на најранливите децата во услови на пандемија.

Детската фондација „Песталоци“ е швајцарска непрофитна организација која работи ширум светот, нејзината визија е да создаде свет каде децата ќе можат да учат и живеат во мир и слобода и затоа се залага за унапредување на инклузивно и правично квалитетно образование за промовирање на одржлив развој и мирен соживот.