Како што веќе ни е познато, снимањето на филмови е комплексен процес кој не оди секогаш онака како што режисерите планираат. Актерите понекогаш сакаат да импровизираат за да додадат малку драма или пак хумор, а реакциите на нивните колеги се непредвидливи.
Некогаш се случува актерот да го заборави текстот или пак дел од акцијата во сцената. Но, понекогаш токму таквите непланирани сцени излегуваат толку добро што режисерите одлучуваат да ги остават во филмот.
Екипата од „Brightside“ истражила кои се таквите сцени во популарните филмови кои што настанале целосно случајно.
1. Брзи и бесни 6
Кога Хобс ќе појде на скара, Роман вели: „Миа, подобро сокриј го маслото за бебето“, на што Двејн Џонсон одговара: „Подобро ти сокриј го тоа твое огромно чело“. Никој не очекувал дека актерот Крис толку многу ќе се насмее на тоа што ќе го исплука пијалакот од устата. Сцената на крајот делувала толку многу смешно што режисерите одлучиле да ја задржат во филмот.
2. „Чувари на галаксијата“.
На Крис во оваа сцена случајно му паѓа куглата, но продолжува да глуми како ништо да не се случило. Режисерите заклучиле дека сцената изгледа целосно природно па ја оставиле во филмот.
3. „Zoolander“
Во една сцена Бен Стилер го прашува Дејвид зошто се користат машките модели. Тој на тоа трпеливо му одговара, а Стилер повторно го прашува: „Но, зошто машки модели?“. Тогаш Дејвид одлучил да импровизира и да му одговори: „Сигурно се шегуваш, штотуку ти објаснив“. Сцената исто така одлучиле да ја задржат.
4. „Спајдермен 2“
Кога Спајдермен ќе ја остави Гвен заврзана за автомобилот таа го нарекува со вистинското име во јавноста и така му го открива идентитетот. Таа сцена не била испланирана, актерката Ема Стоун се збунила и потоа автоматски ја поклопува својата уста со раката.
5. „Blade Runner“
Сцената во која Дарил Ханан трча во паника, се лизнува и го крши прозорот со лакотот, можеби изгледа испланирано, но се случила случајно.
6. „Господар на прстените: Две кули“
Во една од сцените Виго Мортенсен мора со нога да ја шутне тешката топка, а ја удрил толку силно што го скршил прстот на ногата. Режисерот бил толку многу импресиониран од фактот што Виго продолжил да глуми и покрај тешката повреда што решил да ја заджи цената во филмот.
7. „Да бидеш Џон Малкович“
Сцената во која ликот фрла пивска лименка на еден од главните ликови не била планирана, туку еден од статистите толку многу се напил што ја фрлил лименката. Реакцијата на Џон Малкович била толку многу природна што режисерите одлучиле да ја остават сцената во филмот.
8. „Ms Doubtfire“
Само неколку моменти откако Робин Вилијамс завршил со своето лице во тортата, малку шлаг од неговата брада му влегува во чашата. Тоа не било во сценариото, но актерот набрзо импровизирал и се снашол со репликата: „Ете, сега имате шлаг“, па оставиле да ја остават сцената.
9. „Враќање во иднината 3“
Во последната сцена од филмот е гледа како Доцов, најмладиот син се држи на меѓуножјето. Веројатно најмладиот член од екипата сакал да им укаже на режисерите дека има физиолошка потреба.