За Девиците многу често се вели дека се ситничари, невротични и критични, а под површината кријат прекрасни квалитети.
Ако досега не ве привлекла Девица, кога ќе дознаете какви сѐ доблести ја красат, ќе станете нејзин обожавател и ќе тргнете во нејзина потрага!
1. Уредност
Мразат неред и не го поднесуваат изразот “креативен хаос”. Кога ќе се соочи со неред, пренатрупаност или нечистотија, Девицата е инспирирана само за едно – да ги доведе работите во ред. Ако ви е надредена, тоа ќе мора вие да го направите под нејзин строг надзор, слушајќи го нејзиното предавање.
2. Независност
Ја краси неверојатна способност да ги заврши сложените активности целосно сама. Нема да одбие туѓа помош, но нема ниту да ја побара. Без разлика дали некој друг ѝ ја дал задачата или сама ја смислила, Девицата најпрво се потпира самата на себе.
3. Моќ на запазување
Девицата ги гледа работите во поголема резолуција од останатите хороскопски знаци, а тоа значи дека ги воочува деталите и формите кои другите не ги забележуваат.
4. Аналитичност
Девицата задолжително мора да ги земе предвид сите фактори, пред да донесе одлука. Поради таквиот пристап за донесување одлуки, многумина ја сметаат за спора и неодлучна, но неа таа особина ѝ овозможува да ги избегне бројните замки и затоа постигнува одлични резултати.
5. Штедливост
Девицата е одговорна за своите, но исто пристапува и кон туѓите пари. Секогаш настојува да стави нешто на страна и сака нејзините деца и партнерот да постапуваат исто. Свесна е дека може да ве очекуваат “црни денови” и не сака да ги дочека неподготвена.
6. Дава бесплатни совети
Многумина мислат дека Девицата критикува и приговара, а нејзините забелешки често се оправдани и корисни. Таа не може да си помогне – кога ќе се соочи со неправилност или грешка, ќе го каже тоа. Наместо да ја осудувате, послушајте ја и нејината критика примете ја како совет.